„Милка“ пред суд во Германија, ја намалила стандардна големина без јасно означување

Производителот на чоколадото „Милка“, американскиот прехранбен гигант „Монделез“, се соочува со тужба во Германија за наводно лажно пакување и нелојална конкуренција.

Агенцијата за заштита на потрошувачите во Хамбург поднесе тужба откако компанијата ја намалила стандардната големина на чоколадото од 100 на 90 грама, користејќи речиси идентично пакување. Потрошувачите тешко ја забележуваат разликата, бидејќи дизајнот на пакувањето не е променет, а чоколадните плочки се само неколку милиметри потенки.

„Луѓето со години купуваат „Милка“ во иста форма и претпоставуваат дека тежината е иста. Само при споредба на старото и новото пакување, сфаќаат дека добиваат помалку за иста цена“, соопшти агенцијата.

Овој случај се поврзува со практиката позната како „скратување на инфлацијата“ (shrinkflation), кога производителите ја намалуваат количината на производот, а цената останува иста. Потрошувачките здруженија предупредуваат дека ова го наведува пазарот, а трговците често дополнително ја прикриваат промената.

Компанијата „Монделез“ ги отфрла обвинувањата и тврди дека потрошувачите биле однапред информирани за намалувањето, дека новата тежина е јасно наведена на пакувањето и дека промената се должи на зголемувањето на цените на суровините, особено какаото.

Потрошувачките групи, исто така, предупредуваат на феноменот на „скимфлација“, кога дел од поскапите состојки се заменуваат со поевтини, како ароми наместо природни состојки.

Случајот ќе го реши регионалниот суд во Бремен, а исходот може да има пошироки импликации за производителите на храна низ целиот германски пазар.

Зачлени се на нашиот е-билтен