Мистеријата на „црното јајце“ што плови во Норвешка – што се крие внатре?

Во норвешкиот Hardangerfjord се појави необично црно „јајце“, кое оддалеку изгледа мистериозно и скоро како нешто вонземско, но всушност станува збор за уметничка инсталација и пловечки ресторан.

Проектот се нарекува „Лососово око“ (Salmon Eye) и е направен од преклопувачки челични „луски“ кои ѝ дозволуваат да сјае и да се истакнува во природната околина. Инсталацијата е нарачана од локални фармери на лосос, а дизајнот го потпишува Арне Кворнинг, извршен директор на Kvorning ApS.

Однадвор изгледа како „црно јајце“, но всушност има три ката и отворена тераса, достапна преку двојно спирално скалиште. Под водата се наоѓа едукативен простор каде посетителите можат да се информираат за одржлива аквакултура, додека на горниот кат е сместен ресторанот Iris со Michelin ѕвезда, кој нуди „експедицијски оброк“ – кулинарско и визуелно искуство за гостите.

„Salmon Eye е дел од нашата желба да го трансформираме секторот на аквакултурата. Нашата технологија Watermoon целосно го менува пристапот и сакаме да ја покажеме потребата од нови одржливи технологии за производство на морски плодови“, вели Сондре Еиде, извршен директор на компанијата Eide.

Внатрешноста е дизајнирана да биде удобна, со внимание на акустиката, материјалите, боите и формите, создавајќи модерен, но топол и гостопримлив амбиент. Според Кворнинг, целта е создавање „архитектура со интегрирано раскажување на приказната“.

Зачлени се на нашиот е-билтен