МВР организира евакуација на граѓаните во Трубарево, температурата во достигнува до 500 степени

МВР организира евакуација на граѓаните од Трубарево и од околните населени места кои сакаат да бидат сместени на безбедна локација.

Министерството за внатрешни работи организира евакуација на граѓаните од Трубарево и на сите оние од околните населени места кои сакаат да бидат сместени на безбедна локација, односно цо Центарот за обука на МВР, соопшти министерот Панче Тошковски на прес конференција доцна вечерва.

Според министерот Тшковски евакуацијата е преземена заради тоа што мерењата за штетните гасови и воздух во периметар од 150 метри од локацијата на пожарот е на високо ниво. Од 150 до 200 метри има средна загаденост, од 200 до 400 метри згадувањето е ниско, а над 400 метри не е констатирано загадување, тврди министерот.

Температурата во средиштеот на пожарот била повисока од 500 степени, информираше Тошковски.

Мерењата на Дирекцијата за радијациона сигурност, рече Тошковски, не утврдиле радиолошки зрачења

Министерот рече дека пожарот се уште се гаси и дека се нанесува песок, според инструкциите што им биле препорачани од странски консултанти.

Зачлени се на нашиот е-билтен