На денешен ден е основан Гугл – знаете ли што навистина значи неговото име?

Компанијата Гугл, која целосно го трансформираше начинот на пребарување информации и светот на интернетот, е основана на 4 септември 1998 година од Лари Пејџ и Сергеј Брин во гаража во Силиконската долина.

Двајцата студенти се запознале на Универзитетот „Стенфорд“, каде првично го развиле пребарувачот што го нарекле „BackRub“. Проектот брзо привлекол инвеститори, а кога дошло време за ново име, тие се одлучиле за „Google“.

Терминот „Google“ доаѓа од зборот „googol“ – математички поим што означува број со единица и сто нули зад неа, симболизирајќи огромно количество информации.

Првиот капитал за компанијата, во износ од 100.000 долари, го обезбедил инвеститорот Енди Бехтолштајм. По кратко време, седиштето било преместено во Пало Алто, а потоа во Маунтин Вју, каде и денес се наоѓа главната канцеларија на Гугл.

Од стартап во гаража, Гугл прерасна во една од највлијателните компании на 21 век. Денес, покрај пребарувачот, таа е позната и по услуги како Gmail, Google Maps, Android и YouTube, кои се дел од секојдневниот живот на милијарди луѓе ширум светот.

Зачлени се на нашиот е-билтен