Најиздржливи автомобили на сите времиња: 10 модели што одбиваат да „умрат“

Во свет каде што модерните автомобили често стануваат расипливи по само една деценија користење, постојат машини што го пркосат времето, патиштата и дури и сопствениците. Тие се легенди на издржливоста, автомобили кои преживуваат сè: војни, пустини, снег, кал, сообраќаен метеж и занемарување.

Некои од нив уште возат со милион километри зад себе, други се симбол на сигурност за армиите, хуманитарците или таксистите ширум светот. Ги има од Сибир до Сахара, од Балканот до Австралија.

Ова е список на 10-те најнеуништиви автомобили на сите времиња, базиран на глобални искуства, статистики и митови.

1. Toyota Land Cruiser

Без конкуренција кога станува збор за издржливост. Користен од ОН, Црвениот крст, армиите во Африка, авантуристи во Австралија и племиња во Сахара. Верзиите од 80-тите и 90-тите сè уште без проблем ја совладуваат магичната бројка од 1.000.000 километри.

Девизата на Land Cruiser гласи: „Ако сакаш да стигнеш каде било – и да се вратиш – вози Тојота“.

2. Toyota Hilux

Славен од експериментите на Top Gear, каде го давеа, палеа, удираа и кршеа но тој продолжуваше да работи. На Блискиот Исток, во Африка и Јужна Америка, Hilux е симбол на непоткуплива механика и сурова сила.

3. Mercedes-Benz W123

Произведен во доцните 70-ти и раните 80-ти, денес сè уште се гледа на улиците на Каиро, Адис Абеба и Истанбул. Дизел моторите од оваа серија важат за најтрајните во историјата. Многу примероци имаат поминато над 1.500.000 километри – и продолжуваат да возат.

4. Volvo 240

На прв поглед „досаден“ автомобил, но зад таа кутрија се крие индустриски инженеринг од светска класа. Со репутација на еден од најбезбедните и најтрајните автомобили на своето време, Volvo 240 се користи и денес во рурална Шведска и Канада.

5. Honda Accord

Најомиленото семејно возило во САД со децении. Познат по тоа што без проблем поминува 500.000 километри со минимални поправки. Accord стана симбол за долговечноста на јапонската прецизност.

6. Toyota Corolla

Најпродаваниот автомобил во историјата. Во многу земји од Азија, Јужна Америка и Африка, таксистите сè уште ги возат старите генерации, кои имаат поминато половина свет.

Корола не ветува гламур, туку сигурност, штедливост и беспрекорна механика.

7. Jeep Cherokee (XJ)

Произведуван од 1984 до 2001 година, овој Jeep стана миленик на љубителите на off-road. Неговиот 4.0-литарски реден шестак важи за еден од најиздржливите бензински мотори некогаш направени.

8. Lada Niva

Дизајнирана во СССР во 70-тите, Niva преживеа повеќе од што се очекуваше и се уште се произведува речиси непроменета. Ја обожаваат ловџии, риболовци, војска и жители на планински села низ Источна Европа и Русија.

9. Subaru Outback

Subaru со својот симетричен погон на сите тркала направи чуда со Outback. Возачите во Канада, Австралија и Нов Зеланд го слават како најсигурниот избор за сите временски услови.

10. Volkswagen Golf II

Иако официјално не се произведува од 1992 година, Голф двојка сè уште го гледаме низ Македонија, Босна, Србија и Косово. Прост, лесен за поправка и готово неуништив, Golf II останува најголемиот херој на старите европски патишта.

А кој е апсолутниот шампион?

Според бројките, искуствата и универзалната слава Toyota Land Cruiser е најиздржливиот автомобил на сите времиња. Без разлика дали се наоѓа на пат без патека, во снежна бура или во пустинска песочна олуја тој секогаш стигнува до целта и се враќа назад.

Зачлени се на нашиот е-билтен