Најтешкото тежи 4 тони и се вика Габриел: Ѕвоната на Нотр Дам заѕвонуваат за прв пат по пожарот

Работата на реставрацијата на катедралата Нотр Дам траеше пет години и чинеше стотици милиони евра, а околу 250 компании и неколку стотици експерти учествуваа во работата

Ѕвоната на Нотр Дам заѕвонија за прв пат по пожарот што ја уништи оваа историска катедрала во Париз во 2019 година.

Катедралата треба официјално да биде отворена за јавноста на 8 декември, а осумте ѕвона беа официјално заѕвонети еден месец претходно.

Реставраторските работи траеја пет години и чинеа стотици милиони евра. Околу 250 компании и неколку стотици експерти учествуваа во работите.

Пожарот, кој избувна на 19 април 2019 година, ја уништи северната камбанарија, поради што и ѕвоната мораше да се отстранат и исчистат од прашина и олово.

Најтешкото се вика „Габриел“ и тежи повеќе од четири тони, додека најлесното „Жан-Мари“ е тешко само 800 килограми

Сè уште не е познато кој ќе учествува на церемонијата на отворањето, но се шпекулира дека ќе настапи и поранешниот член на Битлси, Пол Мекартни.

Се очекува околу 15 милиони луѓе да ја посетат Нотр Дам годишно, во споредба со 12 милиони во 2017 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен