Научниците конечно открија како навистина бил изграден Стоунхенџ: решена мистерија стара 5.000 години

По децении дебати и теории, ново научно истражување конечно нуди цврсти докази за потеклото на камењата од Стоунхенџ, еден од најголемите праисториски споменици во светот. Студијата, објавена во Journal of Archaeological Science, го разрешува прашањето кое ја збунуваше науката со милениуми: дали камењата ги донеле луѓе или глечери?

Каменот „Newall“ отклучува стара тајна

Најновата анализа се фокусира на еден специфичен камен во Стоунхенџ – таканаречениот „Newall камен“, чие потекло беше особено нејасно. Професорот Ричард Бевинс од Универзитетот Абериствит и неговиот тим ги споредија неговите карактеристики со примероци од карпи од локалитетот Craig Rhos–y–Felin во Велс, користејќи микроскопска и геохемиска анализа.

Резултатите беа недвосмислени – нема докази дека каменот е донесен од глечери, како што тврдеа некои научници. Напротив, содржината на циркониум и ториум, како и структурата на фолиран риолит со присуство на калциум-карбонат, укажуваат на јасни траги од човечка интервенција.

Камењата не се случајни – донесени се намерно

Според истражувачите, ако каменот бил пренесен од глечери, слични примероци би биле разнесени низ поширокиот регион на Стоунхенџ – но тоа не е случај. Ова го потврдува и анализата на друг камен од локалитетот, Каменот 32d, за кој исто така се покажа дека е фолиран риолит од Велс.

Иако не постојат директни археолошки траги за тоа како камењата биле транспортирани, авторите на студијата потсетуваат дека неолитските народи ширум светот успешно пренесувале огромни карпи користејќи ја достапната технологија: конопци, дрвени санки и лизгалишта.

Човечкиот подвиг вреден восхит

Ако можеа да поместат камен десетици метри, можеа и стотици километри,“ пишуваат научниците, додавајќи дека иако тоа не било лесно, било изводливо. Сините камења од Стоунхенџ тежат од 2 до 3,5 тони, што е значително полесно во споредба со локалните сaрсен камења, кои достигнуваат и до 40 тони.

Спротивната теорија, која ја застапува д-р Брајан Џон, тврди дека камењата биле донесени од глечери и оставени близу Солсбери. Меѓутоа, новата студија ги отфрла тие тврдења како неосновани хипотези, а не научни факти.

Стоунхенџ – сведоштво за генијалноста на древниот човек

Ова истражување не само што ја разрешува една од најголемите археолошки мистерии, туку го нагласува и технолошкиот капацитет на неолитскиот човек, кој пред 5.000 години бил способен да организира и изведе транспорти на масивни структури од над 200 километри.

Стоунхенџ останува не само споменик на древната култура, туку и симбол на човечката решителност, вештина и упорност.

Зачлени се на нашиот е-билтен