Несудените македонски автомобили

македонски

Одвреме навреме во јавноста се обновуваат информациите за амбициите, иницијативите и проектите за да се започне со производство на македонски или за автомобили со лиценца кои би се произведувале во Македонија.

Првата иницијатива е регистрирана уште во 1959 година која стигнала до тоа да биде изработен и прототип. Возилото се викало ВАРДАР и било дизајнирано со копирање на примеси од Фат 1400 од 1948 година и руската Победа (1948-1959 година).

Возилото, како прототип, го направила фабриката за автобуси ФАС „11 Октомври“ во Скопје.

Постојат различни приказни зашто не успела иницијативата. Се наведуваат економски фактори, недостиг на индустриска инфраструктура. Не треба да се отфрли ниту опструкцијата на тогашнато раководство на Југославија коешто го поддржала концептот на централизација на автомобилската индустрија во други поголеми индустриски центри, главно во Србија. Крагуевац, иако подоцна беа отворени фабрики за производтство на Фолксваген во Сараево, каде што се произведуваат легендарната Буба и Голф 1 и фабриката Литострој во Словенија каде што се склопуваше тогаш популарниот Рено 4.

Назад во Македонија 10 години подоцна од „неродениот“ Вардар, ФАС “11 Октомври“ повторно изработува нов прототип на автомобил сега на основа на ФИАТ 850 со дизајн инспириран од Пининфарина.

Овој прототип е прикажан на саемот за возила во Белград, но за жал и тогашното политичко аководство на Југославија елегантно го шиканира овој прототип на македонско возило со образложение: „Ви имате фабрику аутобуса….“

Се раскажува дека при враќање од саемот во Белград, возачот на камионот во близина на Скопје доживува сообраќајна несреќа, при што камионот е целосно уништен, а заедно со него и прототипот на второто несудено македонсо патничко возило.

Ова се тие приказни за неуспешните обиди за автомобилска индустрија во Скопје, но за жал нема ни посериозен докуменатен материјал, иако станува збор за иницијативи или неуспешни обиди.

Фотографијата со овој текст е единствената што се верти на интернет за првиот македонски прототип на патничкото возило ВАРДАР.

Освен овие, од подалечното минато, имаше обиди и во поново време. Еден е оној од 1968 година кога Цитроен дошол во Македонија за да отварање на погон за кооперација. Во почетокот би било планирано да се произведуваат делови за тогашните модели на француската компанија, а понатаму и целосно производство. Фабриката Металски Завод Тито и, повторно, ФАС „11 Октомври“ биле во игра Но, и од таа идеја не излегува ништо!

Во независна Македонија имаше една иницијатива која што се развиваше прилично ветувачки.

Во 1997 Македонија требаше да ги произведе првите автомобили на сопствената автомобилска линија. Ауди А3, добро познатото германско возило, требаше да се склопува во нашата земја, а подоцна и да се произведува во фабрика која требаше да биде готова до 1999 година. Цената на тоа „Македонско национално возило“ требаше да бидетогашни 25.000 германски марки. Тогаш беше најавено дека Производството на Ауди А3 е резултат на договор меѓу Владата на Република Македонија, Фолксваген и Македонската компанија АСИБА, којашто беше увозник на автомобилите Ауди. За жал и тоа остана само обид.

Зачлени се на нашиот е-билтен