Американската филмска академија потпиша четиригодишен договор со платформата YouTube, со кој таа ќе добие ексклузивни глобални права за емитување на доделувањето на Оскарите во периодот од 2029 до 2033 година.
Со овој договор, престижната филмска церемонија за првпат ќе биде бесплатно достапна преку дигитална платформа за глобалната публика, што ќе овозможи следење на настанот за повеќе од две милијарди корисници ширум светот.
Од Академијата наведуваат дека соработката со YouTube претставува чекор кон модернизација и приближување на настанот до помладата и дигитално ориентирана публика, како и зголемување на глобалната достапност на церемонијата.
Детали околу начинот на емитување, дополнителните содржини и продукцискиот формат сè уште не се соопштени, но се очекува дека договорот ќе донесе значајни промени во начинот на кој публиката ќе ги следи Оскарите во иднина.