Иако песната „Сè што сакам за Божик си ти“ (All I Want For Christmas Is You) од Мараја Кери најпопуларна празнична песна на модерната ера, таа не е најпродавана во историјата. Најпродаваната поп песна за Божик на сите времиња е „Бел Божик“ (White Christmas) што ја испеал Бинг Крозби во 1941 година.
Роден во Русија, Ирвинг Берлин, кој се смета за еден од најголемите текстописци во историјата на САД, ја компонирал „Бел Божик“ во 1940 година, во Калифорнија. Кога ја завршил, рекол дека тоа е најдобрата песна што некогаш ја напишал, или, впрочем, што некој некогаш ја напишал. Бинг Крозби ја извел песната за прв пат во радио емисијата „Крафт мјузик хол“, на Божиќ во 1941 година. Подоцна ја снимил песната во студио со оркестарот Тротер и сингерс Кен Дарби за „Дека“, за да биде вклучена во саундтракот за филмот „Холидеј Ин“ објавен во јули 1942 година. Бинг на почетокот не се чувствувал добро во врска со божиќната песна, напишана од еврејско-американски композитор. Песната исто така беше лошо прифатена од пазарот, но до октомври се искачи на врвот на топ листите, каде што остана 11 недели, во 1943 година. Потоа ја освои наградата Оскар за најдобра оригинална песна од филм во 1943 година.
Беше повторно издадена во 1945 и 1946 година и достигна број 1 во обете години, што ја прави единствената песна во историјата што достигна број 1 во три различни години, од истиот изведувач. Широката привлечност на песната резултираше со тоа што Бинг Крозби го доживеа својот прв број 1 на урбаната тематска листа, Харлемската хит парада. Верзијата на песната од 1942 година беше уништена поради прекумерна употреба, а верзијата што ја знаеме денес беше снимена од Бинг во 1947 година. Според Гинисовата книга на рекорди, „White Christmas“ на Бинг Крозби е најпродаваниот сингл на сите времиња, со продадени над 50 милиони единици низ целиот свет, а ако се додаде и продажбата на албумот на Бинг „Merry Christmas“, на кој се појавува песната, вкупната продажба е 65 милиони единици. Земајќи ги предвид продажбите на преработките, бројот скока на над 100 милиони единици.
На крајот, јасно е дека Бинг Крозби е Царот на Божик со сво три напродавани песни на темата Божик во Топ 10. Второто место го зазме со песната „Тивка ноќ“ (Silent Night) од 1935 година, е трета негова песна на вечната листа е „Ѕвонџиња џвонат“ (Jingle Bells) од 1943.
На оваа листа Џорџ Мајкл се појавува двапати на листата, еднаш како член на Wham! на 6-то место (Last Christmas) и еднаш како член на Band Aid на 8-мо место (Do They Know It’s Christmas?).
На листата доминираат машки вокалисти. Од 11-те песни на оваа листа, жените се појавуваат само во 3, а само 2 се предводени од жена, Мараја Кери и Бренда Ли (Rockin’ Around The Christmas Tree). Иако „All I Want For Christmas Is You“ на Мараја Кери не е најпродаваната божиќна песна на сите времиња, таа е најпласираната празнична песна на топ листите во САД од „White Christmas“ на Бинг Крозби во 1942 година.
Божиќната песна на Мараја е исто така најновата песна на оваа листа, објавена во 1994 година. Пред нејзината песна, најновите песни беа објавени 10 години порано: „Last Christmas“ на Wham! и „Do They Know It’s Christmas“ на Band Aid, обете објавени во 1984 година.
Концентрацијата на песни на листата е објавена во 1940-тите и 50-тите години (7 од 11 песни). Две песни беа објавени во 1980-тите, една во 1990-тите и една во 1930-тите. Најпопуларната година за божиќни изданија на оваа листа се чини дека е 1958 година, со три песни објавени таа година: „Rockin’ Around The Christmas Tree“ од Бренда Ли, „The Chipmunk Song (Christmas Don’t Be Late)“ од Chipmunks and David Seville и „The Little Drummer Boy“ од The Harry Simeone Chorale.