Падот на Cloudflare повторно предизвика проблеми со работата на бројни интернет-страници

Cloudflare повторно се соочи со технички потешкотии поради кои дел од корисниците имаат проблем со пристап до интернет-страници што ја користат оваа мрежна инфраструктура.

Компанијата во петок околу девет часот соопшти дека го истражува „проблемот со контролниот панел (Dashboard) и придружните програмски интерфејси (API)“, поради кои одредени барања може да бидат одбиени или да резултираат со прикажување грешки.

Според Cloudflare, дефектот не ја засега испораката на кеширана содржина преку нивниот глобален систем за испорака (CDN), ниту пак безбедносните механизми кои се извршуваат на мрежната периферија (Edge).

Со други зборови, корисниците на повеќето веб-страници не би требало да забележат значителни нарушувања, додека управувањето со поставките и пристапот до администраторските алатки во моментов е отежнат, пренесува HRT.

Инженерите на Cloudflare работат на отстранување на проблемот, а компанијата најави дека редовно ќе ги информира корисниците за напредокот.

Во еден момент, недостапна била и страницата Downdetector, популарна платформа за следење на статусот на интернет-услуги.

Зачлени се на нашиот е-билтен