Полицијата во Дубаи пронајде украден дијамант вреден 25 милиони долари

Полицијата во Дубаи објави дека ги уапсила крадците кои украле редок розов дијамант вреден 25 милиони долари, неколку часа по извршената кражба, известува агенцијата ВАМ.

Како што соопшти полицијата, крадците побарале од трговецот со дијаманти да донесе драгоцен камен во вилата за наводен клиент.

Меѓутоа, по пристигнувањето на трговецот, бандата го украла дијамантот. За помалку од осум часа, три лица биле уапсени, делумно благодарение на користењето на најновите технологии базирани на вештачка интелигенција.

Видео снимки објавени од полицијата прикажуваат тројца мажи со замаглени лица по апсењето, како и снимки од членовите на бандата, снимени од безбедносните камери.

Дубаи е главен центар за трговија со дијаманти, а Обединетите Арапски Емирати редовно ја истакнуваат безбедноста што владее на нивната територија.

Зачлени се на нашиот е-билтен