На денешен ден во 2003 година, последната „буба“, најпопуларнот германски патнички автомобил, се симнала од производствената лента во Мексико – „фолксваген“ број 21.529.464.
Точно толку „буби“ за 68 години биле произведени во Германија и во други земји, со што завршила историјата на најдолго произведуваниот автомобил.
„Бубата“ се произведуваше и во поранешна Југославија во фабриката ТАС (Творница аутомобила Сарајево), во градчето Вогошќа од 1973 до 1977 година со моделите 1200Ј и 1300Ј.
Производството на „фолксваген“ било идеја на германскиот дикатар Адолф Хитлер кој побарал да биде дизајниран и прозиведен автомобил кој ќе биде достапен за широките народни маси.
„Бубата“ и денеска остана еден од најпопуларните и култни автомобили.