Секоја генерација носи свои особености – и позитивни и негативни. Иако денешните деца понекогаш изгледаат како да се „напред“ од оние од 90-тите, вистината е дека многу работи не се како што се чини на прв поглед.

Звукот од поврзувањето на интернетот, каблите низ собата, само еден цртан филм дневно и без мобилни телефони – тоа се работи што денешните деца тешко можат да ги разберат, и покрај целата технологија што ја имаат на располагање. Родителите кои пораснале во 90-тите често се чувствуваат како да се „најслаби“ во однос на денешните „гејмери“, но имаат вештини кои денешните деца ги немаат, а можат многу да им послужат.
Трпеливоста е доблест
Денес речиси сè може да се добие за неколку минути – омилена епизода од серија, играчка од далечна земја или вечера нарачана преку апликација. Но, децата од 90-тите беа научени да чекаат – денови, па и недели – за нешто што навистина го посакувале. Тие знаат дека вистинската магија понекогаш лежи во самото чекање и трпеливоста.

Досадата понекогаш е благослов
Во 90-тите не постоеше луксузот на интернет или бескрајното скролување кое денес ги „лечи“ досадите. Телефонот служеше само за конкретни разговори, а ако се користеше на друг начин, родителите се лутеа. Денешните деца често не знаат што да прават кога остануваат без екран, додека децата од 90-тите го користеа времето за креативни игри, цртање или дружба на отворено.
Сите поминуваме низ тешки фази
Во ерата на социјалните мрежи изгледа како сите тинејџери секогаш да изгледаат совршено. Но, оние кои го искусиле тинејџерството во 90-тите, со непријатни моменти како лоша фризура, дебели очила или ортодонтски апарати, знаат колку е убаво да се видат тие стари фотографии и да се сфати дека сите сме биле уникатни и посебни. Денешните деца често се споредуваат со филтрирани слики, што создава лажен впечаток и чувство на несигурност.
Грижа за планетата и за другите
Иако денес децата знаат многу за екологија, рециклирање и климатски промени, децата од 90-тите имаа јасна основна свест дека ѓубрето не се фрла на улица и дека треба да се почитува животната средина. Денес тоа понекогаш се заборава, иако технологијата не ни недостасува.

Одговорност и истрајност – учење од Тамагочи
Кој не го криеше Тамагочито од наставникот и не се плашеше дека ако не го нахрани, ќе умре? Таа виртуелна животинка учеше на одговорност и грижа. Денешните деца имаат понапредни дигитални љубимци, но често брзо се откажуваат. Лекцијата за истрајност и грижа е нешто што денес треба да се потсети.
Не мора секој момент да биде вирален
Најтешката лекција за денешните деца е дека не сè што се случува мора да биде објавено на социјалните мрежи за да има вредност. За децата од 90-тите, играњето со другарите, возењето велосипед или едноставно дружењето беа вредни сами по себе, без потреба од потврда преку „лајкови“ или „коментари“. Овие моменти остануваат во срцето и се највредни – без филтри и без објави.