Овие денови низ Скопје можат да се забележат билборди со фотографија на бебе и со порака: Вистинските мажи не плачат.
Од она што се насетува од целиот пакет на имиџот, очигледно е дека станува најава за некоја кампања.
Кампања која можеби бара одговори на прашањата: Што е вистински маж? Дали навистина мажите не треба да покажуваат емоции?