Трамп под притисок: Експертите велат дека исвиркувањето на стадионот го извадило од рамнотежа

Видео од фудбалски натпревар во Вашингтон, што стана вирално на социјалните мрежи, прикажува како претседателот Доналд Трамп добива бурни свирежи и негативни гестови од публиката – спуштени палци и средни прсти – за време на натпреварот меѓу Вашингтон комендерс и Детроит лајонс.

Настанот се случил во неделата вечер, за време на полувремето, кога Трамп учествувал во церемонија за примање нови воени регрути, читајќи ја заклетвата во чест на службата. Според извештајот на HuffPost, свирежите биле толку гласни што речиси го заглушиле неговиот говор.

Телото кажува повеќе од зборовите

Иако не е јасно дали Трамп го слушнал целиот интензитет на реакцијата од ложата, експертите за говор на телото сметаат дека неговиот израз открил дека бил засегнат.

Специјалистката Трејси Браун посочува дека „искривената насмевка“ што ја покажал во клучни моменти укажува на презир и чувство на надмоќ, особено кога се претставувал како „претседател на САД“. Според неа, тоа е класичен сигнал на човек кој се обидува да ја задржи контролата во непријатна ситуација.

„Вкочанетата“ поза и потиснатиот гнев

Авторката и експерт Пети Вуд забележува дека Трамп имал „многу вкочанета“ телесна поза – со рацете блиску до телото, што го открива таканаречениот „freeze reaction“, типичен за момент на стрес. Дури и неговиот поздравно мавтање со раката, вели Вуд, бил невообичаено крут – „како да се обидувал да го оддалечи светот од себе“.

Таа додава дека стегнатите усни и остриот поглед укажуваат на потиснат гнев, додека исчезнувањето на горната усна е сигнал на внатрешна воздржаност и фрустрација.

„Не можеше да го скрие“

На крајот од видеото, Трамп стои со склопени раце и напната вилица, без обид да се насмевне или поздрави со публиката. „Сликата е јасна – тоа е човек кој чувствува понижување, но се обидува да го прикрие,“ заклучува Вуд.

И покрај уверувањата на неговиот тим дека не бил погоден од реакцијата, експертите се согласни дека телото на Трамп го издаде.

Зачлени се на нашиот е-билтен