Во Франција на автопат забележана колона автомобили од околу 700 километри

Колона долга речиси 700 километри е забележана денеска на автопат во Франција, додека вкупната должина на сите колони на патиштата во земјата изнесуваше 1.051,6 километри во време на зголемен сообраќаен интензитет поради летните одмори и смената на туристи, што колоквијално се нарекува „Црна сабота“.

Сообраќајот на патиштата во Франција, како што наведува телевизијата БФМ, бил уште повеќе забавен поради две сообраќајни несреќи на автопатите кон Медитеранот и Атлантскиот брег.

Според податоците на „Бизон Фите“, француска агенција за следење на состојбата на патиштата, до 7 часот утринава колоните биле подолги од 200 километри, а до 10 часот колоната била подолга од 570 километри.

Како што е соопштено, метежите се во согласност со прогнозите на агенцијата, која предупреди на „исклучително тешки сообраќајни услови“ оваа сабота, а врвот на метежите се очекува попладнево.

Сообраќајот во правец кон Алпите е исто така интензивен и задушен, со задржувања од еден час и 45 минути во тунелот Мон Блан во правец кон Италија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен