Зошто Трамп ја погреба својата поранешна сопруга на терен за голф?

Главниот влез на голф теренот Бадминстер, имот на Доналд Трамо, Ekem, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons
Главниот влез на голф теренот Бадминстер, имот на Доналд Трамо, Ekem, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Зошто Доналд Трамп ја погреба првата сопруга Ивана на својот голф терен Бедминстер во Њу Џерси? Според она што беше објавено и особено актуелно во 2022 година кога почина и кога беше погребана Ивана Трамп, ова се дел од личните и семејни причини. Ивана Трамп беше мајка на неговите три најстари деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик. Семејството тогаш изјави дека местото во Бедминстер (Њу Џерси) ѝ било драго и дека сакале таму да биде нејзиното последно почивалиште. Според одредени толкувња, можеби тоа било начин да тоа место да го направи сеќавањето на неа поблиску до семејството.

Некои велат дека оваа постапка на Трамп има и симболичко значење за него. Трамп го опишувал голф теренот во Бедминстер како „свето место“. Се наведуваат и некои написи, според кои тој дури планира и сам да биде погребан таму, како дел од нешто што би било семеен гроб на семејството Трамп

Кога беше погребана во 2022 се појавија и шпекулации за финансиски/даночни придобивки од оваа постапка на Трамп, која многумина ја сметаат за бизарна. Иако шпекулативна за личните причини на Трамп, финансиската придобивка е законски возможна.

Имено, законот во државата Њу Џерси предвидува даночни олеснувања за земјиште што се користи како гробишта. Според законот, ако дел од земјиштето е прогласено за гробиште може да се ослободи од данок на имот, од данок на приход и од данок на продажба.

Дури и едно гробно место може технички да овозможи земјиштето да се регистрира како имот на погребална компанија што носи големи олеснувања.

Сепак, не постои официјален доказ дека тоа била единствената или главната причина за одлуката на Трамп, но оваа можност е широко анализирана од правници и даночни експерти.

Ивана Трамп е погребана на мал приватен дел од голф теренот, блиску до првата дупка. Надгробната плоча е едноставна со нејзиното име и датумите на раѓање и смртта.

На оваа тема и за шпекулациите околу мотивите на Доналд Трамп да ја погреба Ивана на нивниот терен за голф се пишуваше многу во 2022 година. Дури и угледниот британски „Гардијан“ пишуваше на оваа тема, но таа останува медиумска тема од интерес, како и многу други кога е во прашање актуелниот американски претседател Доналд Трамп

Зачлени се на нашиот е-билтен