Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, информираат од Министерството за вантрешни работи.
Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Д.(18), Ш.О.(39), Љ.Џ.(22) сите од Скопје, З.Б.(33) од Битола, С.И.(34) од Прилеп и 17-гоишник од Кичево, кој претходно учествувал во сообраќајна несреќа. Со активна мерка – забрана за управување, возел И.С.(32) од с.Елово, општина Студеничани. Додека, пак, под дејство на алкохол возеле А.К.(48) од Битола, како и П.П.(24) од с.Лески, виничко и М.В.(29) од Кочани, кои претходно учествувале во сообраќајни несреќи. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

