„100 жени на Пелистер“ – празнична планинарска акција

„100 жени на Пелистер“ – празнична планинарска акција Јавната установа Национален парк „Пелистер“ – Битола и Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ денеска организираа празнична планинарска акција под мотото „100 жени на Пелистер“.

Акцијата започна од Инфо-центарот на паркот и се одвиваше по историската патека на Бегова Чешма. „Сто жени учеснички ја поминаа оваа патека, запознавајќи се со нејзината историја и природните убавини на Пелистер“, изјави директорот на Националниот парк, Иванчо Тошевски.

За учесничките беше организирана презентација за планинските врвови кои ги освоил познатиот планинар Горан Дамевски, како и предавање за лековитите својства на билките што растат на планината Баба.

Како дел од настанот, учесничките добија празнични каранфили и публикацијата „Прирачник за одржливо собирање и мониторинг на самоникнати растителни видови во Националниот парк Пелистер и преспанскиот регион“.

Зачлени се на нашиот е-билтен