Денеска е Светски ден на насмевката што не поттикна да се навратиме на редовната рубрика на порталот Трн.мк „Насмевни се!“
– Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете, пишува редакцијата на порталот.
Од галеријата насмевки на Трн.мк за денешниот Светски ден на насмевката го избравме Александар.
Александар е професор од Скопје. Го сретнавме во Градскиот парк и навистина беше расположен да позира со неговата насмевка. Низ разговорот се присети дека најмногу се смее со својот прв комшија.
„Да, комшијата ми е првиот на листата кој навистина знае од срце да ме насмее, а кога ме прашувате за што сонувам, јас имам мала желба – колач трилече и ладно кафе“- изјави Александар за рубриката „Насмевни се“
Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.
Еве и еден мал избор од останатите насмевки на денот на Трн.мк: