Агелер: Сакам да видам помалку зборување од премиерот, а повеќе акција

Агелер

Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, во интервју за ТВ 21, изјави дека сака да види помалку зборување од северно македонскиот премиер, а повеќе акција.

Агелер потсети дека САД досега инвестирале „половина милијарда евра“ во судскиот систем на Северна Македонија, но резултатите не ги исполнуваат очекувањата.

„Воопшто не ми се допаѓа ситуацијата во судскиот систем. Сакам да видам помалку зборување од премиерот, а повеќе акција во рамките на судскиот систем“, рече Агелер за време на нејзиното гостување во програмата „Клик Плус“ на ТВ21.

Американската дипломатка прецизираше дека иако северно македонскиот премиер не мора директно да избира обвинители, тој има политичка одговорност да обезбеди функционален систем.

„Политичарите зборуваат за многу работи – ова е дел од нивната улога. Но, на крајот, кога ќе ги погледнете резултатите, доаѓате до заклучок дека има застој“, додаде Агелер.

Амбасадорката истакна дека ја охрабрило неодамнешното апсење поврзано со злоупотребите на ИПАРД-фондовите, но нагласи дека одговорноста не може да се сведе само на една личност.

„Инвестиравме многу години и многу пари. Сега луѓето од оваа држава и оваа влада треба да се покажат на дело“, порача таа, додавајќи дека токму институциите треба да бидат двигателот на реформите, а не политичките препукувања.

Зачлени се на нашиот е-билтен