Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Агелер: Случајот со Груби беше објавен по завршувањето на истрагата, не затоа што падна од власт

Американската амбасадорка, Анџела Агелер, изјави дека како амбасадор нејзина должност е да има средби со македонски функционери кои се дел од истрагите за вклученост во корупција, како и за случаи што водат до црната листа.

„Знам да препознаам кога некој лаже в лице, особено кога тврди дека се бори против корупција“, рече Агелер.

Што се однесува до случајот со Артан Груби, амбасадорката истакна дека информацијата била објавена кога истрагата завршила, а не поради неговото отстранување од власт.

Ова интервју со Агелер беше дадено за подкаст на Македонско-Американската алумни асоцијација, во рамките на серијалот интервјуа за борба против корупција.

Зачлени се на нашиот е-билтен