Ахмети бара поддршка за Охридскиот договор

Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, испрати писмо до низа актуелни и поранешни светски лидери, како и до амбасадори на земји членки на ЕУ, со цел да побара континуирана поддршка за зачувување на достигнувањата од Охридскиот договор.

Во писмото, Ахмети ја истакнува важноста на целосната имплементација на договорот, градењето демократска и мултиетничка држава и унапредувањето на евроатлантската интеграција на земјата. Тој изразува загриженост за последните политички случувања, меѓу кои укинувањето на механизмот „балансер“ и предизвиците во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.

Писмото е адресирано до водечки меѓународни личности, меѓу кои претседателот на САД Доналд Трамп, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, шефицата за надворешна политика на ЕУ Каја Калас, премиерите на Велика Британија и Италија, претседателот на Франција Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, како и генералниот секретар на НАТО Марк Руте и неговата заменичка Радмила Шекеринска.

Ахмети потенцира дека албанскиот јазик не е привилегија, туку стекнато право загарантирано со Уставот, и апелира за континуиран ангажман на меѓународната заедница за зачувување на стабилноста и евроатлантската перспектива на Северна Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен