Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела спроведоа вонредни контроли во магацини за пакување новогодишни пакетчиња и продавници што се занимаваат со продажба на истите. При извршените 62 контроли, откриени се неправилности во пакувањето, каде 4 оператори имале несоодветно означени пакетчиња.
Во 3 случаи, не беше наведено рокот на траење или датумот на минималната трајност на производите во пакетчињата, што доведе до наредба за повлекување на истите од продажба. Понатамошните контроли откриле дека 2 пакетчиња содржеле производи со изминат рок на траење и со краток рок за употреба до декември 2024 година.
На операторите кои не ги почитувале регулативите, им било наредено повлекување на производите од продажба и нивно уништување. Издадени се решенија за отстранување на неправилностите, како и прекршочни пријави.