АХВ врати пратка со над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спречија влез во земјава на повеќе од 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан.

Како што информираат од АХВ, пратката која се состоела од 2.167 пакувања со тежина од по 12 килограми, не ги исполнувала пропишаните услови за увоз и поради тоа била вратена во земјата извозник.

Забраната за увоз е донесена врз основа на претходно донесено решение со кое е забранет увоз на живи животни, како и производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил. Мерката е воведена како превенција од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца, односно птичји грип.

Согласно важечките правила, не е дозволен увоз на пратки кои потекнуваат од животни заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен