Во врска со текстовите објавени во медиумите во кои се споменува ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) како соработник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), категорично ги демантираме сите тие тврдења, се вели во соопштението на „Ај Медија“.
Eye Media нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советници, се истакнува во реакцијата.
„Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска поддршка за СДСМ. Сите тврдења за „штанцање лажни соопштенија“, „центар за лаги“ или „надворешна ПР машинерија“ се целосно невистинити и немаат никаква основа во факти“, се вели во соопштението.
Од Eye Media посебно нагласуваат дека немааат никаква врска со Зоран Башановиќ. „Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале било каква соработка со него“.
Се посочува декја Eye Media се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување, а не со естрада, музика или менаџмент на изведувачи.
„Работиме целосно транспарентно, во согласност со етиката на ПР струката. Сите евентуални идни соработки со политички партии во регионот ќе бидат транспарентни и јавни“, се нагласува во соопштението на ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media).
