Луцидниот аналитичар Жарко Трајаноски открива но агло на скандалот со македонското државно знаме на средбата Сиљановска Давкова/Радев.
По протокол, пишува Трајаноски, Радев и Сиљановска Давкова имале средба без македонско знаме и кабинетот немал никаков проблем со тоа. Проблем било тоа што имало фотографии од средбата:
„Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен.“ (Кабинет на претседателката).
А кој ја објави фотографијата која не била според протоколот, прашува Трајаноски.
„Па, вие ги објавивте фотографиите од средбата со две бугарски знамиња на официјалната страница на претседателот на државата. Гордо ги објавивте. Еве и скриншот“, посочува Трајаноски во својата објава на социјалните мрежи и прачува: Доста беше резил!