Ако се соочуваме со хибридни напади, што прават АНБ и МВР?

Ако се соочуваме со хибридни напади, што прават АНБ и МВР е логично прашање откако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, излегоа со тврдење дека за неколку од пожарите има индиции дека се резултат на хибридни напади.

– Ме прашувате за хибридните напади кои ги спомена Ангелов. Овој состанок сега, беше за тоа како да се справиме со пожарот. А во оној штаб на 20 метри од овде, разговаравме и за хибридните напади. Досега над 40 луѓе се лишени за пожарите, дел од тие луѓе се во притвор, за жал засега не можеме да утврдиме организициона поставеност меѓу тие луѓе. Но факт е дека во три дена ни горат четири депонии во Скопје, што диви, што легални. Господ не може да ме убеди дека ова е случајност. Јас ве уверувам дека секој за кого ќе има доази ќе преземеме се за што ќе добиеме наредба од ЈО по насоки на судот – одговори министерот Панче Тошковски на прашање кое дојде по изјавата на Стојанче Ангелов дека државата ни е изложена на хибридни напади со предизвкување пожари.   

Контрадикторна е оваа изјава за хибридни напади зашто во неа и самиот Тошковски вели дека „дел од тие луѓе се во притвор, за жал засега не можеме да утврдиме организициона поставеност меѓу тие луѓе“. А хибриден напад не може да се спроведе ако не е добро организиран и испланиран.

Но дури и да е така, да се работи за хибриден напад, што прават на тој план Агенцијата за безбедност и разузнавање и МВР за да ги пресретнат овие напади? Одговорот се наматенува сам по себе – ништо. Освен што подметнуваат афери за прислушување и при тоа не ја завршуваат докрај, ако за тоа имаат докази.

Темата за пожарите како хибридни напади ја отвори директорот на ДЗС Ангелов и рече дека тоа е негов личен став.

– Ова што сега се случува, ова е мој личен став, бидејќи од 1991 година сум во безбедносниот систем на државаѕта, е последица на тоа дека ние сме цел на хибриден напад. Истовремено сме нападнати со повеќе пожари. Ќе ве потсетам дека денеска изби пожарот во една семенара, каде исто така имало пластичен отпад, можеби имало и гајби и истовремено се појави и овој пожар во Трубарево. Кажете ми колкава е можснота за два истовремени сериозни пожари додека ние ја затрушуваме Дрисла и се уште работиме во Вардариште – изјави на вечерашната вонредна прес конференција директорот Стојанче Ангелов.  

Претходно Тошковски истакна дека ваков тип на пожари како овој во Трубарево се случиле во Франција, Белгија, Литванија и други земји што укажува на тоа дека проблемот е глобален. Ова е прв пат да се случи ваков тип на пожар во Македонија – рече министерот Тошковски.

Зачлени се на нашиот е-билтен