Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ако забележат граѓаните измами со цените од „Новогодишната кошничка“ да пријават на 191

Во рамките на владината кампања „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, која стартува денес, Пазарниот инспекторат спроведува контроли во маркетите низ Македонија. Целта е мониторинг на цените на производите од „Новогодишната кошница“, кои се намалени за 10%.

„Цените на овие производи се проверуваат според Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија, споредувајќи ги со најниските цени од последните 30 дена,“ информира Инспекторатот.

Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а на листата се над 800 прехранбени производи, достапна на www.mojakosnica.mk. Очекувањата се бројот на производи да надмине 1 000.

Граѓаните можат да пријават неправилности на бројот 191 или преку сајтот www.dpi.gov.mk.

Зачлени се на нашиот е-билтен