АКТ на СДСМ објави нова бомба: 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО

СДСМ

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, нов скандал за сомнителни тендери.  Јон Фрчкоски – член на ИО на СДСМ на прес конференција ги соопшти новите сознанија кои преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до АКТ граѓани доставија нови информации за фирмата за која беше најавено дека ќе бидат објавени.

Стаува збор за „Пирамид билдинг солушнс“. Фаворит, за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО, истакна Јон Фрчкоски.

Според свиркачите, од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денеска, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер.

„51 тендер! Вредни неверојатни 16 милиони евра! Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО добиваат милионски тендери за многу краток период, кои не можат да се добројат“, посочи Јон Фрчкоски.

Само од општина Аердором оваа омилена фрима има добиено 22 тендри. Од Гази Баба 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија…, секаде каде градоначалниците се од ВМРО.

На прес конференцијата беше нагласено дека „низа на тендери финансирани со средства од унгарскиот кредит исто така завршиле кај оваа фирма. Додека парите завршуваат кај фирми блиски до власта, граѓаните плаќаат и тоа со камата. Последниот тендер, во декември 2025 година е со Град Скопје.

„Веднаш по седнување на Орце Ѓорѓиевски во фотељата, оваа омилена фирма на власта добива тендер вреден 320.000 евра. Кога седна Орце во градоначалничката фотеља кога добија тендер. Ова е уште еден пример како власта си дели тендери по свој терк“, рече Јон Фрчкоски.

Свиркачите коишто ни ги доставиле информациите преку дигиталната платформа МИЦКО.мк наведуваат дека брачни другари на високи финкционери во ВМРО биле дури и на платен список на оваа компанија, преку договори за дело.

„Овие информации ги истражуваме и дополнително ќе ги објавиме. АКТ ќе го разоткрие целиот систем за испумпување на парите на граѓаните“, информираше на прес конференцијата Јон Фрчкоски.

Тој рече дека сега на сите во Македонија им е јасно зошто земјата намерно се држи во изолација и дека тоа е за за пари и за криминални тендери.

Од прес конференцијата беа повикани Јавното обивнителство, Финансиската полиција, ДКСК да не молчат и конечно да преземат нешто за скандалите кои ги објавува СДСМ.

„Ние секојдневно ќе ги прозиваме. Ова е нов случај со 51 тендер и 16 милиони евра! А немаме одговори за скандалите со 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ од Пошти. Еден месец нема никаква реакција. На сите треба да им биде јасно дека ќе се одговара! Одговорност ќе има, кога тогаш. Работата не е завршена“, беше порачано од прес конференцијата на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен