Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река.
Тие велат дека пристап кон планината воопшто ќе нема и дека блокадата ќе важи за сите кои се поврзани со изградбата на енергетските објекти, односно на малите хидроцентрали.
Тие апелираа до сите граѓани да им се придружат на локацијата кај Смрдлива Вода, покрај Гевгелија, а за оние кои доаѓаат од другите градови ќе биде обезбеден и превоз.
Блокадите ќе се одржуваат секој ден од 6 до 18 часот.
Извор: Мета.мк