Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанија за таа на ЕУ, Македонија за резолуцијата за Украина на САД

На третата годишнина од инвазијата на Русија на Украина, денеска во ОН ќе биде усвоена резолуција за осуда на војната во оваа земја.

Од она што е познато, САД предложија нацрт-резолуција на Обединетите нации брз да се именува експлицитно Москва како агресор, ниту пак повикува на повлекување на руските трупи од Украина.

Тоа е сосема во спротивност со предлог резолуцијата на ЕУ со која, освен што се именува Русија како агресор, се бара итно повлекување на силите на Москва од Украина.

И во едната и во другата предлог резолуција се повикува на прекин на конфликтот и се изразува жалење за загубата на животи.

Како што дознава „Слободен печат“, коспонзори на американската резолуцијата се и Грузија, Унгарија, Израел, но и Северна Македонија. Кон овие земји, за поддршка на резолуцијата на САД, се очекува да се придружат и Словачка, Италија како ЕУ членки, и кандидатите за ЕУ, Србија, Црна Гора и Турција, наведува „Слободен печат“.

Од друга страна, од дипломатски извори на Рацин.мк, дознаваме дека Албанија ќе се усогласи резолуцијата на ЕУ. Ова произлегува од укажувањето на албанското Министерство за надворешни работи до сите нивни амабсади во земјите на ЕУ да се консултираат со земјите членки на унијата какво решение тие ќе донесат по ова прашање и така да се постават во Тирана.

Американскиот предлог доаѓа откако претседателот Доналд Трамп во средата остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „диктатор“. Претходно Трамп рече дека Зеленски „никогаш не требало да ја започне“ војната.

Резолуциите на Генералното собрание не се правно обврзувачки – но гласањето во најголемото тело на Обединетите нации се смета за глобален тест за расположението и ставовите за одредени прашања.

Зачлени се на нашиот е-билтен