Американската амбасада во Скопје денеска објави дека, во соработка со Министерството за внатрешни работи, е спроведена заедничка вежба за подготвеност и реагирање во итни ситуации.
Во кратката порака, амбасадата се заблагодарува на МВР за поддршката и укажува дека ваквите активности се клучни за навремено и координирано делување при кризни сценарија.
„Летаме кон поголема подготвеност! Огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи за поддршката на нашата вежба за подготвеност во итни ситуации. Тимска работа што не држи подготвени за сè,“ стои во објавата.
Со вежбата, според американската амбасада, се демонстрира високото ниво на оперативна соработка помеѓу двете институции и заедничката посветеност за зајакнување на капацитетите за безбедност и брза реакција.