Според најновиот утрински извештај на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива редовно и без посериозни пречки. На поединечни делници коловозите се влажни, но тоа не предизвикува проблеми во движењето на возилата.
Од АМСМ наведуваат дека надвор од урбаните средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.
Возачите се потсетуваат на потребата од внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот. Особена претпазливост се препорачува на делниците што минуваат низ котлини, клисури и речни долини, каде постои зголемена опасност од одрони. Потенцијално ризични се патните правци: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ дополнително потсетува дека и понатаму важи обврската за задолжителна зимска опрема во возилата, без оглед на актуелните временски услови.