Ангелов би ги дислоцирал ромските семејства кај Вардариште по кратка постапка, ако треба и на сила

Ангелов би ги дислоцирал ромските семејства кај Вардариште по кратка постапка

Ангелов е за дислокација на ромските семејства кои живеат покрај Вардариште по кратка постапка, ако треба и на сила.

Ова го кажува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во поткастот „На кавга со Иван“ на ТВ Канал 5.

Тој објаснува дека во Вардариште имало специфичен случај, за кој вели ќе го каже иако знае дека „пак ќе јадел ќотек во јавноста“

И го казжува:

„Во депонијата Вардарише има една ромска населба, живеат Роми. Се оградувам, не мислам на сите Роми, да не бидам обвинет за шовинизам, расизам и така натака. Но оние Роми коишто живеат во депонијата се тие што палат кабли за да го извлечат бакарот, но и друг вид на отпад од кон што го вадат жиците, металот… Ако овие луѓе од таму се иселат ќе скокнат десттици, можеби и повеќе здруженија за заштитра на човековите права…“, вели Ангелов.

Иван Мирчевски се обидува да го прекине и вели „на хуман начин да се преселат да им се даде достоинствено место за живеење“, на што Ангелов одговори.

„Јас сум за агресива реакција. Мене ако ме прашувате јас би го решил тоа по кратка постапка, ги селам од таму“.

Мирчевски прашува што е тоа „кратка постапка, на сила?“, на што се обидува да се надоврзе Сотир Костов, вториот гостин во емисијата кој вели „не на сила…“

Но Ангелов повторно го прекинува и му вели:

„Ако е потребно и на сила“.

Зачлени се на нашиот е-билтен