Ангелов: Има индиции дека пожарот покрај магистралниот пат Скопје-Блаце е подметнат

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во изјава за медиумите вели дека „постојат индиции дека пожарот кој што во неделата изби покрај магистралниот пат Скопје-Блаце да е подметнат.

Според него, биле пронајдени дрвени палети, за кои вели дека најверојатно биле прелиени со некоја запалива течност и дека на местото на избувнувањето на пожарот, видел како линијата на оган е многу широка како пожар кој би се појавил од фрлен отпушок од цигара.

-Пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно намачкани и полиени со бензин и фрлени во смреки. Некој утрово се обидуваше да го реактивира пожарот во Блаце кој е под контрола, рече Ангелов во видео-обраќање и апелираше секој кој ќе види невообичаено однесување од други лица, кои носат или во рацете држат палети, веднаш да бидат пријавени на бројот 112, порача директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Ангелов демантираше дека во текот на вчерашниот ден, некои манастири или цркви биле во опасност од пожарот. Исто така, информира Ангелов, не е точна веста дека изгореле куќи во Чучер Сандево.

Зачлени се на нашиот е-билтен