Апликациите за Чивнинг стипендии за едногодишни магистерски студии во Обединетото Кралство се отворени од денес, 5 август, и ќе траат до 7 октомври 2025 година.
Програмата нуди целосно финансирано образование за поединци со докажан лидерски потенцијал и желба да придонесат за позитивни промени во своите заедници и пошироко.
„Доколку јасно можете да покажете дека ги поседувате потребните вештините за да им се придружите – извонредни лидерски способности, како и способности за влијание и
вмрежување – ве охрабрувам да аплицирате. Доколку сè уште не сте стигнале до тоа ниво, ве охрабрувам да одвоите време за да го изградите искуството што ќе ја направи вашата апликација конкурентна,“ вели Британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку веб-страницата: chevening.org/apply.
Чивнинг е глобална програма за стипендии финансирана од Министерството за надворешни работи, Комонвелтот и развојот на Обединетото Кралство (FCDO) и партнерски организации. Таа нуди можност за магистерски студии на универзитети во Обединетото Кралство за лица со потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки и креирачи на јавното мислење.
Повеќе информации се достапни на: www.chevening.org