Како што пренесуваат медиумите, МВР Прилеп, по барање на финансова полиција, приведе дел од поранешното раководство на ЈЗУ општа болница ,,Борка Талески” во Прилеп.
Неофицијално се работи за група од околу 25 лица вмешани во финансиска проневера, според информациите од МВР утре најверојатно ќе бидат изведени пред јавен обвинител во Прилеп.
Според извори од ОЈО Прилеп првичните информации се дека предметот се однесува на финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреби со јавни пари, а истрагата се проширува и кон други институции кои имале договори со болницата.
Од страна на надлежните спроведени се и претреси во нивните домови, а едно осмничено лице поради влошена здравствена состојба е хоспитализирано.
Повеќе инфомации се најавени за вечерва или во текот на утрешниот ден.