АРМ и Министерството за одбрана за Рацин.мк: Немаме регистрирано упад на руски државни хакери

хакери

Рацин.мк во понеделникот објави делови од текстот со наслов „Министерството за одбрана на Србија мета на руски државни хакери“ на Радио Слободна Европа, во кој пишува дека и Македонија, односно Министерството за одбрана Македонија, било цел на напади, на руската државна хакерска група која се нарекува „Fancy Bear”.

За да провериме дали е ова точно, ги испративме овие прашања до македонското Министерство за одбрана: Дали е точно дека руската државна хакерска група која се нарекува „Fancy Bear” ги нападнало среверите на министерството? Во кој период биле тие напади? Дали е спроведена истрага? Кои цели биле мета на тие напади? Дали нападите направиле посериозна штета и од која природа?

Од Министерството за одбрана го добивме следниот одговор:

Во однос на Вашите поставени прашања и наведената вест од линкот што го споеделивте со нас, Ве информираме дека во текстот на „CtrlAltInt“ информираат за пронајдени фолдери на хакерска група. Податокот дека се идентификувани мејлови на домејните mil.mk и mod.gov.mk, не мора да значи дека истите биле нападнати од страна на хакерската група за што информираме дека безбедноста на домејните на Министерството за одбрана и Армијата се следат 24/7 од стручни лица и дека до овој момент Армијата и Министерството за одбрана немаат податок за преземање на податоци од мејловите на МО и Армијата. 

МО и Армијата како институции кои се одговорни на ова поле, особено по почетокот на војната во Украина, во континуитет се подложни на сајбер напади (спамови, фишинг напади, обиди за неовластен пристап, и сл.) во обид да се пристапи до соодветни податоци. Од таа причина Министерството во континуитет спроведува редовни обуки заедно со колегите од другите државни институции, како и со помош на сојузничките земји за заштита од ваков вид напади.

Зачлени се на нашиот е-билтен