Арсовска објави сателитски снимки сo 50 нови дивоградби во Чаир

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска продолжи со обвинувањата и со откривање на дивоградби во општина Чаир. Во својата најнова објава на социјалните мрежи, Арсовска упати нови обвинувањата за градоначалникот, Висар Ганиу.

-Нека му пренесе некој на Висар Ганиу дека ни ова не му е оставено во наследство од баба му, бидејќи тврдеше дивоградбите ги наследил, а овде сега се гради. 50 нови згради во моментов и никој не реагира. Немаат дозволи, немаат проекти, крадат вода, крадат струја. Вие плаќајте даноци и скенирајте фискални, напиша денеска Арсовска, прикажувајќи сателитски снимки од градењето на територија на Чаир.

Градоначалничката вели дека нејзина обврска е да пријави кога се оштетува Буџетот на градот.

-Вработените во администрацијата на град Скопје и јас како градоначалник, кога имаме информација или пријава дека се оштетува буџетот за градот и кога сме сведоци на докази за фалсификувани службени документи, согласно закон сме обврзани истото да го пријавиме, во спротивно со молк стануваме соучесници во криминалот со незаконските легализации, дополни Арсовска во својата објава.

Зачлени се на нашиот е-билтен