Арсовска тргнува кон ОЈО, ќе достави докази за дивоградбите

Денеска во 15.00 часот во Јавното Обвинителство во Скопје, градоначалничката на град Скопје ќе достави релевантни докази за дивоградбите во општина Чаир, соопштија од нејзиниот кабинет.

„За обезбедување фалсификати како доказ за постапка за што мора да постапува Јавното обвинителство по службена должност и да спречи компромитирање на доказен материјал, од Град Скопје пуштени се над 15 соопштенија за целата јавност и сите наводи се јавно објавени за кои обвинителството е добро запознаено видно од нивните изјави за медиуми.

Иако досега за милион постапки постапувале и по анонимни пријави и по допрен глас затоа што тоа им е обврска и должност, бидејќи по 10 дена повикување за постапување од целата јавност, морало името на градоначалничката да го имаат и формално за дополнително да ја малтретираат институционално место сторителите на кривичните дела и да ја стават во дополнителна опасност, таа бидејќи не се плаши од Висар Ганиу и Изет Меџити, денес ќе достави документација до Јавното обвинителство во надеж дека конечно ќе се постапи со цел обезбедување на доказите кои се обидуваат да ги уништат“ се вели во соопштението од Град Скопје

Зачлени се на нашиот е-билтен