Арсовска за хаосот во Скопје прстот го впери кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинува градоначалничката на Скопје.
Во објава на социјалните мрежи таа наведува дека „Комунална Хигиена Скопје го управува 4 години претседателка на Управен одбор од ВМРО осудена правосилно за 2 тешки кривични дела“.
Му порачува „на Орце Самка Ѓорѓиевски пренесете мда не праи нарачки, ако сакал градот да е почист доволно е на нивнава партиска другарка Јулијана Спировска да и се јави, таман сега немаше да мора да се бори со демони“.
Данела Арсовска тврди дека „жената со кривично досие за ХАОСОТ што го предизвикува во Комунална хигиена, ќе биде наградена со советничко место во општина Бутел“.
Во својата објава таа им упатува „поздрави“ и на ДИК, која, според Арсовска, дерогира законсо правилник за да моžат осудени лица со нивен амин да водат општини.
Арсовска како адреса за хаосот во Скопје ги наведува ВМРО и ВЛЕН кои имаат 500 членови сите Управни одбори, Надзорни одбори и Училишни одбори на скопските јавни претпријатија и установи.
„Обратете се кај нив за хигиената во градот, вработените во претпријатието и метачите со сите сили макотрпно работат и се борат со партиските демони на суетни самобендисани политичари“, посочува Данела Арсовска во објавата на социјалните мрежи.