Avenga Academy носи глобални кариерни можности за македонските студенти

студенти

Во време кога пазарот на трудот се менува побрзо од кога било, а конкуренцијата за работни позиции расте на глобално ниво, Avenga Academy најавува нова стратешка иницијатива насочена кон создавање реални интернационални кариерни можности за своите студенти.

Како дел од оваа стратегија, академијата започнува соработка со глобалната платформа Virtual Internships, која овозможува студентите да работат на реални проекти за компании од над 190 земји, без да ја напуштат државата.

Според податоците од платформата, дури 1 од 3 учесници продолжуваат со работа во компанијата по завршување на програмата, што ја прави оваа можност особено релевантна во период кога младите и професионалците се соочуваат со намалени можности за вработување и зголемена потреба од практично искуство.

Учи локално, но работи глобално е нашата мисија и цел со која им даваме на студентите реална предност на пазарот на труд преку интернационално искуство, практична работа и директен контакт до над 20.0000 глобални компании,“ велат од Avenga Academy.

Во рамки на оваа иницијатива, на 31 март ќе се одржи јавен онлајн вебинар на кој ќе биде претставен концептот на глобални пракси, процесот на аплицирање и можностите за интернационална кариера.

Настанот е отворен за сите заинтересирани – студенти, млади професионалци, но и лица кои размислуваат за кариерна промена.

Повеќе информации и пријава за вебинарот се достапни на: https://avengaacademy.com/virtual-internship/

Зачлени се на нашиот е-билтен