Балканскиот бојкот стана глобален: Американците во петок ги бојкотираат маркетите

Бојкотот на супермаркетите што започна на 24 јануари во Хрватска, а потоа на 31 јануари во Македонија, брзо се прошири низ Балканот и делови од Европа, за сега да добие глобални размери. Овој протест против растечките цени и инфлацијата стигна до САД, каде што во петок, 28 февруари, граѓаните ќе ги бојкотираат големите трговски синџири како Волмарт и Амазон, како и производи како Кока Кола.

Причините за овој „економски бојкот“ се зголемената инфлација (3%), поскапувањето на становите (30%), како и повисоките цени на енергијата, гасот и храната. Но, за разлика од Европа, во САД бојкотот е насочен против најбогатите Американци, чие богатство се зголеми четирикратно по пандемијата.

Хрватска, со овој потрошувачки протест, доби необичен „извозен производ“ – бојкотот како средство за подигање на свеста и зголемување на притисокот врз пазарите, кои многумина ги сметаат за симбол на алчноста на големите корпорации и политичката неодговорност. Балканскиот пример покажа што значи здружената моќ на потрошувачите, а прашање е само кои други западноевропски земји ќе се приклучат на овој бран на незадоволство.

Зачлени се на нашиот е-билтен