Повеќе од 5.000 граѓани заедно со најблиските на трагично загинатата Фросина Кулакова, организирани преку социјалните мрежи излегоа на протести на булеварот „Партизански одреди“ и продолжија кон Обвинителството и Кривичниот суд.
Во првите редови во поворката се членовите на нејзиното потесно семејство. Присутните граѓани извикуваат „Сакаме правда“ и „Нема правда – нема мир“. Се носат и црни маички на кои пишува „Правда за Фросина“.
Истакнати се транспаренти на кои пишува „Секој еден може да е следен“, „Безбедноста е право, а не привилегија“, „Судии убијци“, „Крвта е на ваши раце“, „Бараме затвор“.
Без возачка, пијан и поминал на црвено, повеќекратниот прекршител на законот, 20-годишниот Васил Јованов на пешачки ја прегази студентката по моден дизајн, 22-годишната Фросина Кулакова.
Судот веќе му определи 30-дневен притвор и тој е во Шутка.