Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бектеши: Ѝ се извинувам на новинарката Капоска доколку без намера ја навредив

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ѝ се извини на новинарката од Канал 5 телевизија Катерина Капоска по реакциите во јавноста за неговиот одговор на прашањето што му го упати таа вчера на прес-конференција во Владата.

Во пишана изјава до медиумите Бектеши посочува дека при секојдневното соочување со новинарите, може да дојде и до недоразбирања.

– Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции. Но, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации. Од ваков карактер беше и вчерашниот случај со новинарката Катерина Капкоска, на која лично ѝ се извинувам доколку без намера ја навредив, стои во изјавата на министерот Бектеши

Најново