Бесија Иљази призна злоупотреба на службената положба за да се спаси од затвор

Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, призна дека ја злуопотребила службената положба и овластување и се спаси од затвор. Покрај условна осуда неа и е изречена мерка заштитен надзор во времетраењето на условната осуда што значи дека треба да почитува насоки што и ги дава судот во тоа време.

Таа според обвинението, додека беше организациска директорка на Клиниката за токсикологија ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. Клиниката за токсикологија во друга постапка ќе бара отштета од неа за финансиските загуби што ги претрпе, како и за нарушувањето на угледот на Клиниката за време на нејзиното директорување.

Иљази и спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај 2024 година склучувала договори за дело со лица за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи. На овој начин буџетот на Клиниката бил оштетен за сума од 659.781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист.

Извор Независен

Зачлени се на нашиот е-билтен