Денеска од 09 часот, без водоснабдување ќе останат жителите на улиците „Дижонска“, „Коста Абрашевиќ“, како и корисниците на објектот Гинекологија Чаир, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Како причина за прекинот се наведува дефект на водоводната мрежа на адресата „Дижонска 17“. Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на санацијата, без да се прецизира точното време на траење на прекинот.
Извор: Независен.мк

