Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Честитки до пекарите кои се одважија и одговорно одлучија да застанат на страната на граѓаните

„Упатувам честитки и благодарност до оние пекари кои се одважија и одговорно одлучија да застанат на страната на граѓаните. Мило ми е што ваквите примери ги има сѐ повеќе“, напиша вечерва на социјалните мрежи заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека Владата ги субвенционираше компаниите и граѓаните во делот на струјата за да ги зашити од ударот на енергетската криза и од зголемување на трошоците.

„Помагаме за да се обезбеди нормално функционирање и секојдневие. Целта на субвенциите не е, и не може да биде зголемување на нечиј профит во услови на криза“, напиша Битиќи.

Вицепремиерот задолжен за координација на економските ресори Битиќи укажува декас компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот.

„Ова е времена мерка со која го штитиме народот од вртоглави цени и ја штитиме државата за да нема злоупотреба на поддршката и за да може и во иднина да се обезбедува помош за компаниите“, потенцира заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира